„Гвардиола е најдобар, но не е опција за Бразил“

„Гвардиола е најдобар, но не е опција за Бразил“

пред 2 дена

Медиумите во Бразил, но и оние во Англија со денови шират информации дека актуелниот тренер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола би можел да ја преземе бразилската фудбалска репрезентација.

По поразот од Спортинг во Лигата на шампионите, Шпанецот на шега изјави дека сигурно повеќе не им е интересен на потенцијалните работодавци во Јужна Америка. На оваа тема се огласи и претседателот на Фудбалската федерација на Бразил, Едналдо Родригез.

Според него, Гвардиола е тренер кој секој би го посакал на клупата на неговиот тим или репрезентација, но тој категорично негира дека имало какви било контакти.

„Пеп е меѓу најдобрите, ако не и најдобриот тренер на светот. Немавме контакт со него и не размислуваме да го ангажираме“, рече Родригез и додаде:

„Моментално имаме селектор, а тоа е Доривал Жуниор, кој има важечки договор до 2025 година и имаме целосна доверба во него, сега останува на него и на неговите соработници да се докажат и да останат на тие позиции во иднина.”

Селекцијата на петкратниот светски првак во моментов игра во многу променлива форма, забележа само четири победи на последните девет одиграни натпревари, а моментално ја зазема четвртата позиција во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Share
Scroll to Top