Гвардиола му се извини на Филипс: Жал ми е што реков дека си дебел

Гвардиола му се извини на Филипс: Жал ми е што реков дека си дебел

пред 10 месеци

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола му се извини на Калвин Филипс затоа што му кажал дека е дебел.

Кон крајот на 2022 година, Гвардиола јавно го критикуваше, посочувајќи дека Англичанецот од Мундијалот се вратил со вишок килограми.

Филипс, во зимскиот преоден рок, замина на позајмица во Вест Хем, но и таму игра во ужасна форма. Новинарите го прашаа шпанскиот стручњак дали се кае за своите зборови.

„Да, извинете. Згрешив еднаш во осум години, така што не е толку лошо, но многу ми е жал. Жал ми е, извинете”, рекол Гвардиола. Филипс изјави дека не разговарал н атаа тема со менаџерот Гвардиола.

„Не, не, разговарав со него за тоа пред да ви го кажам ова на вас новинарите. Никогаш не зборувам јавно за ниту едно отворено прашање што го имам со играч пред да расчистам со него“, рече Гвардиола.

Манчестер сити за услугите на Филипс, на Лидс му плати 42 милиони фунти. За 18 месеци, Филипс само шест натпревари започна во стартната постава, порди што самиот побара да биде испратен на позајмица.

Share
Scroll to Top