Митревски повторно ја има најдобрата одбрана во ЛШ

пред 3 години

Репрезентативните голмани Никола Митрвски и Борко Ристовски блеска синоќа на дуелот помеѓу Вардар и Порто (25:25) во Лигата на шампионите. Голманот на Вардар, Ристовски имаше 17 одбрани, додека неговиот помлад колега, Митревски, на голот на Порто одбрани 11 удари. Митрвски, против Вардар ја потврди одличната форма во која се наоѓа. Неговата двојна одбрана против Ловро Јотиќ, според ЕХФ, е најдобра во ова коло. Митревски и во претходната рунда ја имаше најдобрата одбрана. Покрај одбраната на Митревски, ЕХФ ги издвои и одбраните на Иван Пешиќ (Мешков Брест), Филип Ивиќ (Цеље), Никлас Ландин (Кил) и Торбјорн Бергеруд (Флансбург).

Share
Scroll to Top