Љубичиќ: Федерер ќе оди на „големо“ во Мелбурн

Љубичиќ: Федерер ќе оди на „големо“ во Мелбурн

пред 3 години

Иван Љубичиќ, славниот поранешен хрватски тенисер и тренер на Роџер Федерер вели дека неговото опоравување од повредата на коленото оди според планот и Швајцарецот очекува „голем“ турнир на Австралија опен.

39-годишниот ветеран нема играно по поразот од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен во јануари, по што беше на операција на коленото, но одби да најави повлекување од тенисот.

„Тој во моментов е во период на опоравување и мислам дека работите одат на најдобар можен начин. Тренира повеќе секој следен ден и сега треба да видиме колку ќе може да ‘турка’ следните месеци. Но, самодовербата дефинитивно е тука“, вели Ѓоковиќ.

20-кратниот гренд слем шампион уште нема најавено на кои турнири ќе игра во 2021 година, но веќе потврди дека ќе биде на следниот гренд слем во Мелбурн во јануари.

Share
Scroll to Top