Навивач на бразилскиот Интер плати 185.000 долари за да игра неговиот омилен играч

Навивач на бразилскиот Интер плати 185.000 долари за да игра неговиот омилен играч

пред 3 години

Еден навивач на бразилскиот клуб Интернасионал му подарил на клубот 1 милион реали (185.800 долари), средства со кои тие ќе можат да обезбедат новата ѕвезда на клубот Родинеи да игра овој викенд.

„Интернасионал во петокот добија донација од 1 милион реали од Елусмар Маги Шефер. Фанот на Колорадо потпиша договор дека му ги дава парите на клубот без обврски. Искрена благодарност“, велат од клубот.

Иако не се потврди за што ќе се искористат парите, се верува дека тие се дел од договорот кој го спречуваше Родинеи да игра за Интернасионал против Фламенго доколку не се платат токму 1 милион реали. 29-годишниот Родинеи дојде во Интер од Фламенго на позајмица минатата година и беше редовен стартер во сезоната во која се на првото место на табелата, но не смееше да игра против поранешниот тим доколу не се исплати оваа „премија“.

Според бразилските медиуми се Маги Шефер е богат фармер од близината на Порто Алегре, клубот од каде што е Интер.

Мечот меѓу ривалите се игра вечерва од 20 часот.

Share
Scroll to Top