Првпат жена-судија во квалификации за Светско првенство

Првпат жена-судија во квалификации за Светско првенство

пред 3 години

Французинката Стефани Фрапар испиша историја откако стана првата жена-судијка која ја делела правдата на средба во квалификации за Светско првенство.

Таа денеска беше главен судија на мечот меѓу Холандија и Латвија (победа на „лалињата“ со 2-0), а претходно има искуство со судење на мечеви во Лигата на шампиони, Лига 1 и во европскиот Суперкуп.

Во ЛШ минатата година го судеше дуелот меѓу Јувентус и Динамо Киев, а беше и главниот делител на правдата на мечот од Суперкупот меѓу Ливерпул и Челси пред 2 години.

„Иако судијките веќе судеа некои важни мечеви во машкиот фудбал, судењето во квалификациите на ФИФА за Светско првенство се нешто посебно и вредно за почит“ изјави легендарниот Пјерлуиџи Колина кој извршува функција – шеф на судиите во ФИФА.

Share
Scroll to Top