Гвардиола: Сем Алардајс е гениј!

Гвардиола: Сем Алардајс е гениј!

пред 4 месеци

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, човекот кој многумина го сметаат за олицетворението на модерниот фудбалски тренер, го нарече својот ривал од Вест Бромвич Албион, Сем Алардајс „гениј“, во неверојатен комплимент за контроверзниот англиски менаџер.

Можеби двајцата имаат сосема различни фудбалски стилови и филозофии, но Гвардиола вели дека го почитува начинот на кој Алардајс успеа да спаси толку многу тимови од испаѓање во Премиер лигата – негов тим никогаш не испаднал од елитата.

„Сем Алардајс е гениј бидејќи ги зема овие тимови и кога сите веруваат дека е готово, остварува резултати. Кога ќе се случи еднаш или двапати, можеби ќе кажете дека има среќа. Но, тој го направи тоа толку многу пати. Резултатите ви даваат самодоверба, но што е прво – дали резултатите ве тераат да играте добро или треба да играте добро за да добиете резултати?“, се прашува Гвардиола.

Алардајс го смени Славен Билиќ во декември, но засега не успеа да ги крене Вест Бром – тие се на 19. место со 11 поени, шест зад 17-пласираниот Брајтон.

Share

KissAnime kissanime down: Watch One Punch Man Episode 7 (https://kissanimeonline.com/m/jDy/ep-7)

AnimeTV japanese anime tv shows: The Daily Life of the Immortal King Episode 15

Scroll to Top