Големиот талент на Шкендија, Дашмир Елези се сели во Фенербахче

Големиот талент на Шкендија, Дашмир Елези се сели во Фенербахче

пред 3 години

Големиот талент на Шкендија, 17 годишниот, Дашмир Елези, го договорил трансферот во Фенербахче. Влијателниот „Гардијан“, го стави Елези, на листата на најголемите таленти во светот.

Турскиот великан, долго време го следи Елези. Турските медиуми пишуваат дека прашање на денот е кога трансферот ќе биде официјализиран. Според овие извори трансферот ќе изнесува 600.000 евра.

Елези се уште не е полнолетен, поради што Фенербахче чекале зелено светло од ФИФА. Доколку не добијат дозвола тогаш имаат две опции да го донесат младиот фудбалер. Клубот ќе треба да му најде работа на таткото на Елези и да го преселат семејството во Истанбул или пак тој да добие аматерски договор и да настапува за У19 тимот на Фенербахче додека во ноември не стане полнолетен.

Луѓето во Фенербахче сметале дека Елези може да биде вистинскиот наследник на Месут Озил.

Фото/kfshkendija.com/

Share
Scroll to Top