Големи ѕвезди ќе останат дома – Тухел го објави списокот за СП

Големи ѕвезди ќе останат дома – Тухел го објави списокот за СП

пред 3 часа

Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, го објави списокот на играчи што ќе ги поведе на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Конечниот список беше објавен преку новата апликација на Англиската фудбалска асоцијација, го презентираат поранешните репрезентативци Даниел Стариџ и Тео Волкот. Селекторот Тухел подетално ќе ги објасни своите одлуки на 1 јуни.

На списокот овој пат, како што објавија англиските медиуми, ги нема напаѓачите Кол Палмер од Челзи и Фил Фоден од Манчестер Сити, фудбалери кои до вчера беа важен дел од секоја акција на националниот тим.

Тухел не го повика и стоперот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер и неговиот соиграч Лук Шо. Го нема и десниот бек на Реал, Трент Александер-Арнолд.

Од редовите на победниците на Лига Европа, Астон Вила, Тухел избра тројца (Конса, Роџерс, Воткинс), одбраната и средниот ред се повеќе или помалку очекувани, а се чини дека најсилниот потенцијал лежи во нападот каде што Тухел може да се потпре на Кејн, Рашфорд, Сака…

Комплетниот состав на Англија за Светското првенство.

Голмани: Џордан Пикфорд (Евертон), Дин Хендерсон (Кристал Палас), Џејмс Трафорд (Манчестер Сити).

Одбрана: Рис Џејмс (Челзи), Тино Ливраменто (Њукасл), Марк Гуехи (Манчестер Сити), Езри Конса (Астон Вила), Џон Стоунс (Манчестер Сити), Џарел Квансах (Баер Леверкузен), Нико О’Рајли (Манчестер Сити), Ден Брн (Њукасл), Џед Спенс (Тотенхем).

Среден ред: Деклан Рајс (Арсенал), Елиот Андерсон (Нотингем Форест), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Џордан Хендерсон (Брентфорд), Морган Роџерс (Астон Вила), Коби Мајну (Манчестер Јунајтед), Еберечи Езе (Арсенал)

Напад: Хари Кејн (Баерн Минхен), Ајван Тони (Ал-Ахли), Оли Воткинс (Астон Вила), Букајо Сака (Арсенал), Нони Мадуке (Арсенал), Маркус Рашфорд (Барселона), Ентони Гордон (Њукасл).

Националниот тим на 2 јуни ќе отпатува за САД, прво на камп во Флорида, а потоа во Канзас Сити за да се подготви за групната фаза. Англија го отвора Светското првенство со натпревар против Хрватска на 17 јуни, а во групата ќе игра и против Гана и Панама.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top