Аталанта и Интер без „муниција“ – „нераѕурите“ сега само два поени пред Милан

Аталанта и Интер без „муниција“ – „нераѕурите“ сега само два поени пред Милан

пред 2 години

Аталанта и Интер, два од најефикасните италијански клубови оваа сезона, одиграа реми без голови во Бергамо, резултат кој најмногу му одговара на Милан, кој сега заостанува само два поени зад градскиот ривал во тесната битка за титулата во Италија и утре со победа над Специја ќе го преземе првото место.

Аталанта можеби имаше повеќе шанси, но не успеа да најде пат преку фантастичниот Хандановиќ, додека Един Џеко имаше два одлични удари за Интер.

Интер сега имаат 50 поени на врвот на табелата, два пред Милан и седум пред Наполи, додека Аталанта заостанува осум поени на четвртото место.

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

Share
Scroll to Top