Голем проблем за Шпанија – Уште еден играч е позитивен на коронавирусот

Голем проблем за Шпанија – Уште еден играч е позитивен на коронавирусот

пред 3 години

Уште еден репрезентативец на Шпанија е позитивен на коронавирусот. По капитенот Серхио Бускетс, кој доби позитивен тест во неделата, синоќа Шпанците објавија дека со коронавирусот се заразени фудбалерот Диего Љоренте, соиграч на АЛиоски во Лидс јунајтед и еден од членовите на стручниот штаб.

Шпанските медиуми стравуваат дека наредните денови ќе има уште заразени во националниот тим. Шпанија, првиот натпревар на ЕУРО 2020, ќе го одигра во понеделник против Шведска.

Од моментот кога Бускетс доби позитивен тест, Шпанците тренираат индивидуално, за да се намали можноста да се зарази уште некој.

Проблем со коронавирусот имаат и Швеѓаните. Вчера, Фудбалскиот сојуз на оваа земја, објави дека во изолација се наоѓа играчот на Јувентус, Дејан Кулушевски.

Share
Scroll to Top