Челси и Лестер, на 15.мај ќе се борат за трофејот во ФА купот. На двата тима им беше потребен по еден гол за да ги победат своите противници, Манчестер сити и Саутемптон, во полу-финалето.
Челси, во саботата, го победија Манчестер сити, со голот на Хаким Зијеш, а вчера Лестер славеа над Саутемптон, со голот на Келечи Ихеначо.
Неверојатно звучи податокот дека, Зијеш и Ихеначо, головите ги постигнаа не само во истата минута, туку и во истата секунда.
На семафорот на „Вембли“, кога овие двајца ги постигнаа головите стоеше времето 54:43.