Реал Мадрид ја зголеми предноста пред Севилја на врвот на шпанската Ла лига на шест поени искористувајќи го третото реми за ривалите за минималната 1:0 победа над Гранада да биде доволна за славје.
„Кралевите“ доминираа во првото полувреме, но не успеаја да го најдат патот до голот, откако португалскиот голман Луиш Максимилијано беше на висината на задачата.
Отпорот на ривалот од југот на Шпанија беше скршен во 74. минута кога Марко Асенсио упати удар од огромна далечина за да го совлада противничкиот голман и да обезбеди три поени за тимот на Карло Анчелоти.
asensio solo maraca golazos pic.twitter.com/iICbVf5i5Y
— diana ? (@_dianacobo) February 6, 2022
Standings provided by SofaScore LiveScore