Повеќе европски фудбалски клубови меѓу кои Баерн Минхен, Милан, Интер, Арсенал, Наполи, Рома и Евертон беа заинтересирани за услугите на 23-годишниот хрватски фудбалски репрезентативец Јосип Брекало кој е член на Волфсбург, но експертот за трансфери, Џанлука ди Марцио вели дека тој се одлучил за трансфер во Вилјареал.
„Трансферот на Брекало е на само еден чекор до Вилјареал. Крилото кое го бараа низа италијански клубови сепак се сели во Шпанија. Играчот кој со години се смета за голем потенцијал на Хрватска беше во преговори и со Наполи и со Лацио, ама беше прескап за нив“ вели тој.
Брекало во Волфсбург дојде од Динамо Загреб за 10 милиони евра. По 122 меча, запиша 22 гола и имаше 17 асистенции.
Неговиот договор е до летото 2023-та, ама бунделигашот ќе го пушти за отштета од 15 милиони евра.
Неговата годишна плата е 2 милиони евра.
За „коцкастите“ Брекало одигра 27 меча, постигна 4 гола, а имаше и 5 асистенции.