„Граѓаните“ подготвени да платат 100 милиони евра за Андерсон

„Граѓаните“ подготвени да платат 100 милиони евра за Андерсон

пред 5 часа

Манчестер Сити ќе направи мала реконструкција во редот за врска, во летниот преоден рок.

Капетанот Бернардо Силва заминува на крајот од договорот како слободен играч, сè уште не е познато каде, а исто така е неизвесно дали Родри ќе потпише нов договор, што би можело да доведе до негова продажба.

Пеп Гвардиола не може да седи со скрстени раце, па затоа даде зелено светло клубот да се одлучи за Елиот Андерсон.

Асот на Нотингем Форест е голема желба на Пеп Гвардиола, тој е еден од најдобро оценетите играчи од средниот ред во Премиер лигата, а не е тајна дека Нотингем Форест бара најмалку 100.000.000 евра.

Наводно, сопственикот на Форест, Евангелос Маринакис, лично му рекол на Андерсон дека ќе преговара за неговиот трансфер во случај на вистинска понуда, која ќе дојде од Манчестер.

Интересно е што Андерсон се поврзува и со Манчестер Јунајтед, но наводно играчот би претпочитал трансфер во Сити.

Од „Етихад“ пристигнуваат и информации дека Андерсон е планиран како долгорочно решение, без оглед на исходот од преговорите со Родри, токму поради заминувањето на Бернардо Силва, и фактот дека Матео Ковачиќ е повреден подолго време.

Андерсон има 23 години, а во Форест пристигна од матичниот клуб Њукасл за 41.000.000 евра.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top