„Граѓаните“ подготвиле преддоговор за Меси

„Граѓаните“ подготвиле преддоговор за Меси

пред 6 месеци

Манчестер сити, во јануари, ќе му понудат договор на Лионел Меси. Аргентинецот има договор со Барселона до крајот на сезоната, доколку во меѓу време не ја продолжи соработката, во јануари, ќе може да преговара со други клубови.

Меси, во финишот на летниот преоден рок, сакаше да ја напушти Барселона. Тогаш тој тврдеше дека е слободен играч, но на крајот Ла Лига пресуди дека тој мора да ја одработи и последната година од договорот со клубот, односно дека може да го напушти клубот само во случај да биде активирана откупната клаузула од 700.000.000 евра.

Тогаш, а и сега, Меси најчесто се поврзува со Манчестер сити, каде тренер е Пеп Гвардиола.

„Секој клуб во светот би сакал да го има Меси во своите редови. Тој е исклучителен фудбалер. За него би направиле исклучок кога станува збор за големите вложувања“, рекол главниот оперативец на Сиит, Омар Берада.

Инаку, по оставката на Џозеп Марија Бартомеу, со кого Меси беше во лоши односи, пораснаа шансите Аргентинецот да остане во Барселона.

Share

AnimeDao boku no hero academia animedao: Watch My Hero Academia 2 Episode 9

WCOStream black clover wcostream: Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen (https://wcostream.cc/m/L4xV) Episode Preview 02

Scroll to Top