Данецот Осула го засили Њукасл

Данецот Осула го засили Њукасл

пред 5 месеци

Поранешниот играч на Шефилд јунајтед, Вилијам Осула е нов играч на Њукасл.

Њукасл не соопшти детали за договорот, а Би-би-си објави дека трансферот на 21-годишниот дански напаѓач е вреден 15 милиони фунти.

Осула минатата сезона одигра 31 натпревар и постигна три гола за Шефилд јунајтед.

„Ова е голем клуб и среќен сум поради можноста да дојдам во Њукасл. Ова е голема можност, а штом слушнав дека Њукасл е заинтересиран, знаев дека треба да ја искористам“, изјави Осула.

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, рече дека клубот го следел Осула три години и дека бил препорачан од неговиот помошникот Џејсон Тиндал, кој работеше во стручниот штаб на Шефилд јунајтед во 2021 година.

„Тој ги има сите квалитети за да стане голем центарфор“, рече Хау.

Осула е шестиот играч кој му се приклучил на Њукасл ова лето, по Миодраг Пиваш, Одисејас Влаходимас, Џон Руди, Лојд Кели и Луис Хол.

Share
Scroll to Top