Данска ја декласира Германија, Франција без проблеми против Унгарија

Данска ја декласира Германија, Франција без проблеми против Унгарија

пред 11 часа

Данска и Франција со убедливи победи го комплетираа првото коло на 29. Светското првенство во ракомет.

Ракометарите на Данска, актуелни олимписки шампиони и трикратни светски шампиони, остварија нова убедлива победа пред своите гледачи во Хернинг.

Данците ја совладаа Германија, инаку олимпски вице-шампион со 40:30 (24:18).

Матијас Гидсел беше најдобар стрелец кај Данска со 10 гола, а го следеше Симон Питлик со осум. Јулијан Костер и Тимо Кастенинг постигнаа по шест гола за Германците. На чело на табелата во Групата 1 се Данците со шест бодови, а Германија и Италија кои вечерва ја совладаа Чешка со 25:18 имаат по четири бодови. Швајцарија е четврта со три бода, а Чешка е петта со еден бод. Тунис е на дното без ниту еден бод.

За само два дена, Данците со победа против Швајцарија можат да го потврдат пласманот во четвртфиналето од првото место во групата. Покрај тој натпревар на распоредот ќе бидат и натпреварите Италија – Германија и Тунис – Чешка.

Франција забележа победа над Унгарија со 37:30 (23:15) во Групата 2.

Немаше неизвесност околу конечниот резултат. Франција до четвртата убедлива победа ја предводеа Недим Ремили и Мелвин Ричардсон со по пет гола. Најдобар стрелец кај Унгарија беше Мате Лекаи, исто така со пет гола.

Французите се искачија на врвот на табелата со шест бода и им треба само еден во следниот натпревар за да го освојат првото место во групата и да се пласираат во четвртфиналето.

Франција за два дена ќе игра против Холандија, која во вторникот тесно го совлада Катар со гол со звукот на сирената (38:37).

На тој начин Холандија се најде на второто место со четири бода. Во жестоката битка за второто место Унгарија и Австрија имаат по три бода, а Македонија два. Катар е на дното без ниту еден бод.

Покрај натпреварот меѓу Франција и Холандија, во четврток во Вараждин ќе се играат и натпреварите меѓу Унгарија и Австрија и Македонија и Катар.

Share
Scroll to Top