Данците им спуштија на Словенците: Не јадеа од хотелската храна, нарачуваа пици од надвор

Данците им спуштија на Словенците: Не јадеа од хотелската храна, нарачуваа пици од надвор

пред 4 години

Ракометната репрезентација на Словенија го заврпи својот настап на Светското првенство во Египет. Словенците, во последното коло во групата, доживеаја пораз од домаќинот Египет, во меч во само победа им носеше настап во четврт-финалето.

Дуелот со Египет, Словенците го одиграа без тројца важни играчи: Благотиншек, Скубе и Гајиќ, а уште неколкумина играа со стомачен вирус.

По мечот, Словенците, упатија тешки обвинувања, дека нивните играчи намерно биле затурени со храната од хотелот.

Египет во четврт-финалето, ќе игра против актуелниот шампион, Данска. Во пресрет на овој натпревар, кој се игра утре, спортскиот директор на Днаска, Мортен Хенриксен, дал интересна изјава, тврди дека Словенците сами биле виновни за труењето со храна.

„Мојот колега Урош Махорич, на заминување ми кажа дека има совет за мене. Под секоја цена да избегнуваме да ја јадеме хотелската храна. Смешни ми се тие зборови, смешно ми е да слушам како вриштеле од болки и паѓале во несвест поради труењето бидејќи се затруле со хотелската храна. Знам, а и имам фотографии, на кои се гледа дека Словенците јадат пица, нарачана надвор од хотелот“, рекол Хенриксен.

На прашањето на данските новинари, дали ќе преземе некакви мерки пред мечот со Египет, тој со својот одговор повторно удри по Словенците.

„Да ќе преземам мерки. Нема да ги копираме Словенците, нема да нарачаме пици кои не се од хотелот. Со тоа што го направија го зголемија ризикот да се заразат“, заклучил Хенриксен.

Share
Scroll to Top