Дел од „ѓаволите“ сакале да ја смират толпата пред „Трафорд“, но не добиле дозвола

Дел од „ѓаволите“ сакале да ја смират толпата пред „Трафорд“, но не добиле дозвола

пред 3 години

Навивачите на Манчестер Јунајтед вчера непосредно пред премиерлигашкото дерби Јунајтед-Ливерпул ги пробија оградите, влегоа на „Олд Трафорд“ и мечот не се одигра.

По кратко време на тревникот на легенарниот стадион, фановите на „црвените ѓаволи“ по интервенција на полицијата го напуштија стадионот.

Причините за простестот се добро познати – фановите сакаат семејството Глејзер кое раководи со Јунајтед да си замине од клубот.

Информациите се дека четворица од фудбалерите на Оле Гунар Солскјер вчера сакале да се сретнат со навивачите се со цел да се реши ситуацијата и протестите да прекинат.

Искусниот Немања Матиќ, капитенот Хари Мегваер, најдобриот играч сезонава Бруно Фернандеш и „детето на клубот“ Скот Мектоминај се фудбалерите кои сакале да ја „спуштат топката“.

Тие биле сместени во клупскиот хотел и оттаму следеле што се случува. Иако изразиле желба да поразговараат со навивачите, не добиле дозвола од Управата за на клубот за такво нешто.
Кога станало јасно дека мечот нема да се одигра, од хотелот си заминале дома.

Share
Scroll to Top