Дел Потро сака кариерата да ја заврши во Токио

Дел Потро сака кариерата да ја заврши во Токио

пред 4 години

Хуан Мартин дел Порто има желба кариерата да ја заврши на Олимписките игри во Токио. Аргентинецот нема одиграни тениски меч веќе 17 месеци.

Де Потро, во август минатата недела, трет пат во кариерата го оперираше десното колено. 32-годишникот не го напушта надежта дека ќе му се врати на тенисот.

„Тешко ми оди, но се уште е присутна желбата да продолжам да играм. Реалноста вели дека тоа ќе биде многу тешко, но јас ќе се борам додека можам. Олимписките игри се наредната година, сакам да бидам таму. Возбуден сум од самата помисла на тоа. Ако треба да ја завршам кариерата, мислам дека самиот би се наградил, доколку на таков турнир ја претставувам својата земја“, рекол Делпо.

Кариерата на еден од најдобрите тенисери во својата генерација ја обележаа повредите на коленото и зглобот на десната рака. Најголемиот успех во кариерата Делпо го постигнал во 2009 година кога го освои Ју-ес опен.

На АТП листата најдобар пласман му е третото место.

Share
Scroll to Top