Депај сам ќе преговара за својот следен договор

Депај сам ќе преговара за својот следен договор

пред 3 години

Мемфис Депај, напаѓачот на Лион чиј договор завршува на крајот на сезоната и шпекулациите подолго време го поврзуваат со трансфер во Барселона, објави дека нема да има посредници во преговарањето на својот следен договор, решавајќи да ги преземе работите „во свои раце“.

Холанѓанецот успеа да ја „сврти“ својата кариера по неуспешната една сезона во Манчестер јунајтед, откако замина во Лион во 2017 година, и сега сите преговори ќе ги прави сам.

„Време е да ја преземам контролата на мојата кариера. Дојдов до момент каде што морам да направам важна одлука за мојата иднина и затоа ќе ја донесам одлуката со мојот тим на соработници и легални експерти“, напиша Депај на Твитер.

Претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола изјави дека е сигурен дека ќе го убеди Депај да го продолжи договорот, но неговата врска со Барселона не замина, иако таа е поврзана со иднината на тренерот Роналд Куман.

Share
Scroll to Top