Десет години по кобната несреќа нови детали за состојбата на Шумахер

Десет години по кобната несреќа нови детали за состојбата на Шумахер

пред 11 месеци

Десет години по страшната несреќа на скијање во која легендата на Формула 1, Михаел Шумахер се здоби со сериозни повреди на главата, конечно е откриена една позитивна вест за неговото здравје.

„Слушам информации само од втора рака. Слушам од луѓето од Ф1 дека успева да седи на масата за вечера, но не знам дали е тоа вистина. Можам да читам само меѓу редови. Не сме слушнале многу од семејството и тоа е разбирливо. Отсекогаш бил дел од начинот на кој Мајкл и семејството чуваат сè многу приватно, многу тајно“, изјави Џони Херберт, поранешна британска ѕвезда во Формула 1, во интервју за BettingSites.co.uk.

За Германецот се грижи тим медицински персонал и неговата сопруга Корина во нивниот дом. Здравствената состојба на седумкратниот светски шампион со години е обвиткана во тајност, а само најосновните информации доаѓаат од неговиот најтесен круг.

– Според мене, и морам да го истакнам ова, бидејќи ништо не слушнавме од семејството, ова покажува дека, за жал, веројатно е во слична ситуација како таа во која се наоѓаше веднаш по несреќата. Изгледа нема поместување. Претпоставувам дека семејството чека науката да открие нешто што се надеваме дека ќе го врати Михаел што сите го знаевме“, изјави Херберт, кој играше со Шумахер за Бенетон во 1994 и 1995 година.

 

Share
Scroll to Top