Ди Монтеѕемоло се нуди на Ферари: Ги знам проблемите и знам како да ги решам

Ди Монтеѕемоло се нуди на Ферари: Ги знам проблемите и знам како да ги решам

пред 3 години

Поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло вели дека е подготвен да го преземе водството на „коњчето“ по неочекуваната оставка на генералниот директор, Луис Камилери, иако призна дека уште никој не го прашал.

Камилери заминува од Маранело со апсолутен хаос зад него, бидејќи Ферари имаа една од најлошите сезони во историјата, со нарушена репутација по обвинувањето за мамење во 2019 и под водство на се поотсутниот Матија Биното, кого во Италија му нафрлија прекар: „Хери Потер без магичното стапче“. Претседателот на Ферари и Фиат, Џон Елкан исто така е неактивен.

Ди Монтеѕемоло двапати успеа да ги врати Ферари од никаде до титули, вклучувајќи ја славната генерација со Михаел Шумахер и во интервју за РАИ вели дека има решенија.

„Дали е возможно јас да се вратам во Ферари? Тоа не е прашање за мене, бидејќи уште никој не го побарал тоа од мене. Мислам дека знам каде се проблемите и како можат да се решат со време. Гледам со големо жалење на слабиот Ферари. Ова е сосема поинакво Ферари од тоа во моето време, повеќе се внимава на берзата, има поголемо производство на автомобили, но никој не знае што да прави со Формула 1 тимот. По заминувањето на Камилери, се надевам дека имаат човек за таа позиција. Го имаа Стфано Доменикали, но решија да го отпуштат и сега тој ќе биде шеф на Формула 1. Го сакам Ферари најмногу и ова е многу тежок момент за сите нас. Ферари не водеа во ниту еден круг оваа сезона“, вели Монтеѕемоло.

Share
Scroll to Top