Дешам не го повика Мбапе во националниот тим

Дешам не го повика Мбапе во националниот тим

пред 7 дена

Селекторот на Франција, Дидие Дешам не го повика Килијан Мбапе (25) за натпреварите со Израел (14 ноември) и Италија (17 ноември) во групата 2 од А дивизијата во Лигата на нации.

Да потсетиме, капитенот и најголемата ѕвезда на Франција го немаше во составот на последните два репрезентативни натпревари со Израел и Белгија одиграни во октомври.

Објаснувањето тогаш беше дека тој е ставен на располагање на Реал Мадрид со цел да ја санира повредата на бутниот мускул на левата нога.

Во шведските медиуми тогаш се појави приказната дека локалната полиција покренала истрага за силување во хотел во Стокхолм, каде Мбапе поминал две ноќи со своите пријатели. Немаше индиции дека фудбалерот е вмешан и веста ја нарече лажна.

„Зборував со Килијан и донесов одлука. Подобро е вака… Мбапе сакаше да дојде“, изјави Дешам на прес-конференцијата, но не спомена дали се работи за повреда на напаѓачот на Реал.

Да потсетиме, Мбапе летово го напушти ПСЖ и потпиша за Реал. Досега за Реал има одиграно 15 натпревари, на кои постигна осум гола..

Share
Scroll to Top