Уникс го „стопираше“ Милано, Ефес, конечно, влезе во ритам

Уникс го „стопираше“ Милано, Ефес, конечно, влезе во ритам

пред 2 години

Уникс Казан направија големо изненадување, откако предводени од американските засилувања со 97:71 го растурија најдобриот евролигашки клуб во моментов, Олимпија Милано во 10. коло во Евролигата.

Ајзаја Канан со 22 поени, О Џеј Мајо со 20 поени и Џон Браун со 19 поени, беа едноставно предобри за италијанскиот клуб, поставувајќи лични рекорди на пат до победата по тесната прва четвртина. Тимот на Еторе Месина губеше дури и со 35 поени (95:60), и кај нив најдобри беа Џиџи Датоме, Шејвон Шилдс и Николо Мели со по 10 постигнати поени. Уникс сега има 5-5 скор, додека Милано останува лидер со 8-2 скор, колку што има и Реал Мадрид.

Актуелните шампиони, Анадолу Ефес, пак, со фантастичен финиш и последна четвртина која ја добија со 20:3 го победија Олимпијакос со 88:69 за првпат оваа сезона да сврзат две победи во низа. Родриг Бобоа имаше 29 поени со 7 тројки, а Василије Мициќ додаде 19 поени и 5 асистенции.

ЕВРОЛИГА, 10.КОЛО

Зенит Санкт Петерсбург – Алба Берлин 75:66 (20:14, 22:16, 17:20, 16:16)

Уникс Казан – Олимпија Милано 97:71 (19:17, 25:16, 27:16, 26:22)

Анадолу Ефес – Олимпијакос 88:69 (23:25, 21:19, 24:22, 20:3)

Макаби Тел Авив – Монако 95:84 (26:19, 15:25, 21:17, 33:23)

Барселона – ЦСКА Москва

Share
Scroll to Top