Фиорентина прокоцка брзи 2-0, Каљари ги скроти „биковите“

Фиорентина прокоцка брзи 2-0, Каљари ги скроти „биковите“

пред 4 години

На двата меча од серија А кои започнаа од 15 часот имаше дури 9 гола, поуспешни гостите.

Специја на домашен терен успеа да освои бод против Фиорентина 2-2 иако „виолетовите“ водео со 0-2 веќе по 4 минути игра – стрелци беа Пецела и Бираги.

Сепак домашните најпрво преку Верде (39 минута) намалија на 1-2, а бодот го донесе Фариас во 75 минута.

Каљари нагости во Торино беше поуспешен од „биковите“ и славеше победа со 3-2.

Торино прв поведе, во 4 минута со голот на Белоти, од пенал. Пресврт направи гостинот за само 7 минути.

Во 12. стрелец за 1-1 беше Жоао Педро, а во 19-та водство за клубот од Сардинија носи Џовани Симеоне.

Повторно Белоти стрела прецизно за Торино, во 49 минута за 2-2, но бодовите патуваат за Каљари благодарение на Симеоне кој со својот втор гол донесе победа од 2-3.

Share
Scroll to Top