Милвоки подготвија метла за Мајами, Лејкерси пресилни за Финикс

Милвоки подготвија метла за Мајами, Лејкерси пресилни за Финикс

пред 3 години

Милвоки Бакс се наоѓаат пред пласман во конференциското полу-финале откако го добија и третиот меч во серијата со Мајами Хит. Лекерси направија пресврт во серијата со Финикс и по третиот меч водат со 2:1.

Милвоки Бакс подготвија метла за минатосезонските финалсити Мајами Хит. Бакс водат во серијата со 3:0. По двете победи на домашен терен, Бакс, славеа и во третиот меч во Мајами. Милвоки го декласираа противникот со 113:84.

Крис Мидлтон постигна 22 поени, Јанис Адетокумбо забележа по 17 поени и скокови, а Џру Холидеј постигна 19 поени и забележа 12 асистенции.

На спротивната страна Џими Батлер се истакна со 19 поени.



Актуелните шампиони, ЛА Лејкерс, по поразот во првиот меч од Финикс Санс, добија два натпревари и сега водат во серијата со 2:1.

Третиот меч во оваа серија, прв што го одиграа на домашен терен, Лејекрси го добија со 109:95. Голем проблем за Финикс претставува повредата на Крис Пол. Ветеранот се повреди во првиот меч, го пропушти вториот, а во третиот натпревар за 27 минути забележа седум поени и шест асистенции.

Диандре Ејтон со дабл-дабл од 22 поени и 11 скокови го предводеше Финикс, додека на спротивната страна најдобар беше Ентони Дејвис со 34 поени.

Share
Scroll to Top