Златан во свој стил: На Меси му дадоа „триесетка“ бидејќи е 3 пати подобар од Нејмар

Златан во свој стил: На Меси му дадоа „триесетка“ бидејќи е 3 пати подобар од Нејмар

пред 3 години

Трансферот на Лионел Меси го искоментира уште еден поранешен играч на Пари Сен-Жермен, легендарниот Златан Ибрахимовиќ, кој посочи дека ПСЖ не потпишале со Меси, туку Меси потпишал со нив.

„Мислам дека беше во право што зема број 30. Тоа покажува дека е трипати подобар од Нејмар, кој е 10-ка. Пари Сен-Жермен не потпиша со Меси, туку обратно, Лео потпиша за клубот. Видете што направи во неговата кариера. Можете да направите споредба? Тој е поголем десет пати од ПСЖ“, вели Ибрахимовиќ.

Златан играше во ПСЖ од 2012 до 2016 година, постигнувајќи 156 гола во 180 меча, со што е вториот најдобар стрелец во историјата на клубот зад Единсон Кавани.

Share
Scroll to Top