Дејвис стана „слободен агент“, ќе добие нов договор од Лејкерси

Дејвис стана „слободен агент“, ќе добие нов договор од Лејкерси

пред 6 месеци

Ентони Дејвис, се откажа од последната година на договорот со Лос Анџелес Лејкерс, во која требаше да заработи 28.700.000 долари. „Веѓата“ Дејвис, решил да стане „слободен агент“.

Дејвис го раскина договорот со Лејкерси, меѓутоа во клубот нема паника, бидејќи на сите им е јасно дека крилниот-центар, наскоро ќе потпише нов договор. Новиот договор ќе му обезбеди поголема плата на кошаркарот, а клубот ќе се обезбеди на оваа позиција во наредните неколку сезони.

Според американските медиуми, Дејвис и неговиот менаџер, ги разгледувале опциите кои им биле предложени од клубот.

Минатата сезона, Дејвис имаше просек од 26,1 поени по натпревар, 9,3 скока и 3,2 асистенции. Во плеј-офот, тој беше уште подобар, со просек од 27,7 поени и 9,7 скока по натпревар.

Share

AnimeHeaven animeheaven dragon ball super: Watch The Promised Neverland Season 2 Episode 5

GoGoAnime fruits basket gogoanime: Watch Gintama Episode 86

Scroll to Top