„Франс фудбал“ ја објави листата на кандидати за наградата најдобар тренер во светот, во изборот на овој престижен француски медиум.
Номинирани се: Чаби Алонсо (Баер Леверкузен), Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Луис де ла Фуенте (селектор на Шпанија), Џанпјеро Гасперини (Аталанта), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) и Лионел Скалони (селектор на Аргентина).
Победникот во изборот за најдобар тренер ќе биде објавен на 28 октомври, на церемонијата на доделување на највисоката индивидуална фудбалска награда – Златната топка.
Овој избор за тренер на годината ќе биде навистина историски, бидејќи сите кандидати апсолутно ја заслужуваат наградата.
Де ла Фуенте на доминантен начин го освои ЕП во Шпанија, Чаби Алонсо со Леверкузен ги освои Бундеслигата и Купот на Германија без пораз, Анчелоти ги освои Лигата на шампионите и Ла Лига со Реал, Гасперини и го донесе на Аталанта првиот трофеј во историјата, а тоа во Лигата на Европа на импресивен начин, Гвардиола со Манчестер Сити подигна уште еден трофеј во Премиер лигата, додека Скалони со Аргентина го одбрани пехарот на Копа Америка и ја продолжи својата брутална доминација, бидејќи „гаучосите“ се и актуелни светски шампиони.