„Де Хеа се плаши, криминал е како реагира на голот“

„Де Хеа се плаши, криминал е како реагира на голот“

пред 4 години

Полс Сколс, легандата на Манчестер јунајтед, смета дека голманот Давид Де Хеа е најголемиот виновник за елиминацијата од Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“, по синоќешниот пораз во Лајпциг (3:2), европската сезона ќе ја продолжат во Лигата на шампионите.

Сколс како „криминален“, го оцени настапот на шпанскиот голман. Смета дека требало подобро да реагира, особено кај третиот гол, што го постигна Џастин Клајверт.

„Тој тоа намерно го прави. Се плаши да не се повреди. Кога си голман, мораш да бидеш голем фудбалер, мораш секогаш да бидеш пример за другите. Тој е се помал и помал. Како искусен голман не смее да си дозволи вакви работи. Ова што го прави е криминал“, рекол Сколс.

Резерва на Де Хеа е младиот Дин Хендерсон, кој минатата сезона блескаше на голот на Шефилд јунајтед.

Share
Scroll to Top