Дибала би можел да ја напушта Рома

Дибала би можел да ја напушта Рома

пред 11 месеци

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала ја засили Рома во летото 2022 година кога направи трансфер од Јувентус.

Дибала е се уште под договор, но на почетокот на јануарскиот преоден рок активна е посебна клаузула во договорот, според која аргентинскиот фудбалер е достапен на пазарот по цена од 13.000.000 евра.

Оваа опција не важи за екипи од Серија А, туку само за клубови надвор од Италија.

Наводно, клубовите од Саудиска Арабија се подготвени да ја активираат клаузулата веќе во првите денови од 2024 година, но Дибала во неколку наврати потенцираше дека е среќен во Рома и дека не размислува за заминување.

Share
Scroll to Top