„Не ни треба Марадона, го имаме Давид Силва“

„Не ни треба Марадона, го имаме Давид Силва“

пред 4 години

Еден од најпривлечните натпревари вечерва во Лига Европа ќе се одигра во Сан Себастијан. Реал Сосиедад ќе ја пречека екипата на Наполи.

Тренерот на Реал Сосиедад, Иманол Алгуасил, бомбастично го најави дуелот со италијанскиот тим. Тврди дека во неговата екипа ниту еден Марадона не би имал загарантирано место.

„Марадона тешко би нашол место во нашиот тим. Со топката сигурно би направил нешто, но без неа сигурно не. Го имаме Давид Силва кој е многу талентиран и во исто време многу работи на теренот“, рекол Алгуасил.

На некомплетната табела во Ла Лига, Реал Сосиедад се лидери со 14 бодови.

Share
Scroll to Top