Џенова со пресврт и гол во последен миг стигна до многу важен триумф (2:1) над Јувентус. Овој триумф го држи најстариот клуб во Италија се уште со надеж за опстанок во Серија А. Сега Џенова има 28 бода, но се уште е во зоната за испаѓање.
Пауло Дибала донесе водство за „старата дама“, но Џенова беше „силна“ во фотофиниш. Гудмундсон израмни во 87.минута, а Кришчито од пенал погоди во 95.минута за победа и три бода.