Димитров испадна на стартот во Мадрид – Карацев продолжува моќно

Димитров испадна на стартот во Мадрид – Карацев продолжува моќно

пред 4 години

Веќе завршија 5 меча од првото коло на Мастерсот во Мадрид.

Бугарскиот тенисер Григор Димитров (17. на АТП листата) уште на стартот е еиминиран од Џорџ Лојд Харис од Јужноафриканската Република по 3 одиграни сета. Харис, кој моментно е 54-ти светски тенисер триумфираше со 2-1 (6-3 3-6 и 7-6) и во следното коло за противник ќе го има Алекс Де Минор од Австралија.

Триумф и пласман во второто коло во Мадрид обезбеди и Русинот Аслан Карацев. Тој во два сета 2-0 (7-5, 6-4) беше подобар од Французинот Амбер.

Во останатите завршени мечеви од првото коло Џон Иснер со 6-4 и 7-6 славеше против Миомир Кецмановиќ, а Германецот Даниел Кепфер го совлада највисокиот светски тенисер, Рајли Опелка со 6-4 и 6-4.

По голема борба, во три сета полуфиналистот од Монте Карло, Даниел Еванс беше подобар од Жереми Шарди со 2-1 (7:6, 6:7, 6:2).

На женскиот дел од турнирот Петра Квитова во три сета со 2-1 (6-3 4-6 и 6-4) беше подобра од Русинката Кудерметова.

И Белинда Бенчиќ е во второто коло откако Тунижанката Онс Жебер и го предаде мечот при резултат 1-0 во сетови.

Share
Scroll to Top