Дончиќ дома ќе го потпише новиот договор со Далас

Дончиќ дома ќе го потпише новиот договор со Далас

пред 3 години

Сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кјубан, заедно со легендата на клубот, Дирк Новицки, кој работи како специјален советник во Далас, новиот тренер Џејсон Кид и помошникот на спортскиот директор Мајкл Финли се наоѓаат во Љубљана.

Прошетката низ центарот на Љубљана, на делегацијата на Маверикс, ја снимил камерманот на „Н1 Словенија“.

Газдата Кјубан, тренерот Кид, Новицки и Финли, во Словенија допатуваа поради Лука Дончиќ.

Најдобриот словенечки играч, треба да потпише нов договор со Маверикс. Според медиумите, Далас, му понудиле 200 милиони долари за четири годишен договор.

Дончиќ, синоќа со репрезентативните колеги се врати во Љубљана. Словенија на ОИ во Токио го освои четвртото место.

Share
Scroll to Top