Неверојатниот Лука Дончиќ повторно имаше луда партија за да ги предводи Словенците до 88:80 победа над Германија во четвртото коло на Евробаскетот, покажувајќи дека „киксот“ против Босна и Херцеговина не ги извадил од ритам.
Словенците имаа и двоцифрена предност во текот на мечот, но Денис Шрудер успеваше да ги врати домаќините во игра заедно со тројките н Маодо Ло, но Словенија влезе во финишот со 82:71 предност и не беа доволни двете тројки за камбек. Дончиќ заврши со 36 поени, 10 скока и 4 асистенции, Горан Драгиќ додаде 18 поени, додека Шруддер за Германците имаше 19 поени и 5 асистенции.
Србија остана непоразена на шампионатот по 89:78 победата над Израел, за потврда на пласманот во нокаут фазата. И тука НБА ѕвездата, Никола Јокиќ беше клучен за победата, со 29 поени, 11 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки
Потенцијален ривал на Србите во осминафиналето можат да бидат Хрватите, кои немаа сили за изненадување и загубија со 81:76 од Италија.
ЕВРОБАСКЕТ 2022
ГРУПА А
Белгија – Турција 63:78
Црна Гора – Шпанија 65:82
Грузија – Бугарија 80:92
ГРУПА Б
Босна и Херцеговина – Франција 66:81
Унгарија – Литванија 64:87
Германија – Словенија 80:88
ГРУПА Ц
Естонија – Велика Британија 94:62
Грција – Украина 99:79
Италија – Хрватска 81:76
ГРУПА Д
Холандија – Полска 69:75
Финска – Чешка 98:88
Израел – Србија 78:89