До крај! Жанг не сакаше да се предаде и покрај бруталниот нокаут

До крај! Жанг не сакаше да се предаде и покрај бруталниот нокаут

пред 4 години

Американката Роуз Намајунас ја врати УФЦ титулата во перо категорија, откако ја шокираше кинеската шампионка Жанг Веили со спектакуларен удар во главата на УФЦ 261, но Кинеската не сакаше да се предаде и покрај тоа што очигледно не беше во состојба да го продолжи мечот.

Намајунас ја погоди главата на Жанг во првата рунда на мечот во Џексонвил, по што дотогашната шампионка инсистираше дека може да продолжи.

Намајунас беше УФЦ шампионка пред да зауби од Џесика Андраде во мај 2019 година, додека Жанг ја прекина низата од 21 победа едноподруго за само втор пораз во кариерата. Жанг ја победи Џоана Једржејчак во март 2020 во еден од најбруталните женски мечеви во ММА историјата.

Share
Scroll to Top