Челниците на Кошаркарската федерација на Македонија, во понеделник, ќе на јавноста ќе и го претстават новиот селектор на националниот тим. Изминатиот период Македонија ја предводеше Александар Тодорв, но тој ќе замине откако не успеа да избори пласман на Европското првенство.
Додека во Федерацијата го чуваат името на новиот селектор во тајност, во јавноста се шпекулира дека наследникот на Тодоров ќе биде актуелниот тренер на Игокеа, Драган Бајиќ.
Овој 47-годишен тренер, во досегашната кариера која ја започнал пред 14 години работел само во Игокеа. Исклучок е 2015 година која ја мина во Черно море, Бугарија.
Бајиќ со својот тим, оваа сезона во АБА лигата постигнува одлични резултати. Доколку ен се случат големи изненадувања, до крајот на регуларниот дел од сезоната, Игокеа, заедно со Будуќност, Црвена звезда и Цедевита Олимпија ќе игра во плејофот за титулата.