Кевин Дурент стана најдобриот стрелец во историјата на кошаркарската репрезентација на САД.
На Олимписките игри, во рамките на третото коло, САД ја декласираа Чешка со 119:84. Во втората четвртина, кога Дурент погоди тројка за водство 33:31, дојде до својот 337 поен во репрезентативниот дрес. Тој на вечната листа го престигна Кармело Ентони.
Дурент натпреварот го заврши со 23 поени.
Кевин Дурент со националниот тим има злато од ОИ во Лондон во 2012 година и ОИ во Рио де Жанеиро во 2016 година.