Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Патрис Евра го прослави враќањето на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“ со ручек со неговиот стар тренер, Сер Алекс Фергусон.
Се верува дека Евра и Фергусон беа едни од најзаслужните што Роналдо реши да се врати во Јунајтед, и Французинот на Инстаграм објави фотографија со Фергусон на која се шегуваше дека бил на средба со „Папата“.
„Јас: ‘Моја љубов, ќе одиме на ручек со папата’. Александра: ‘Кул, одиме во Италија’. Јас: ‘Не, тој живее во Манчестер’“, напиша Евра на фотографијата на која е со неговата партнерка, холандската манекенка Марго Александра и нивниот четиригодишен син Лилас, заедно со Фергусон во ресторан.