Евролигата нема ништо да менува до 2040 година

Евролигата нема ништо да менува до 2040 година

пред 1 месец

На состанокот бордот на Евролигата е донесена одлука системот да не се менува до 2040 година.

Како што објави познатиот грчки новинар Арис Баркас и неговиот „Еурохупс“, во следните 17 години нема да има големи промени во Евролигата (поточно 15 бидејќи договорот со ИМГ завршува во 2026 година).

Акционерите во Евролигата, поточно 13 клубови кои одлучуваат, решија да го продолжат досегашното партнерство, што значи дека ЦСКА Москва останува меѓу главните тимови кои ги носат сите важни одлуки.

Веста што ја презентираше Баркас е дека меѓу споменатите клубови ја нема Алба Берлин.

Тие 13 клуба се:

Анадолу Ефес, Басконија, Барселона, Фенербахче, Макаби Тел Авив, Олимпија Милано, Олимпијакос, Панатинаикос, Реал Мадрид, Асвел, Баерн Минхен, Жалгирис и ЦСКА Москва.

Според последните информации кои дојдоа во јавноста од оваа средба, Валенсија следната сезона треба да оди во Еврокупот, а победникот во ова натпреварување, Париз ќе влезе во Евролигата.

Share
Scroll to Top