Касилјас повторно во болница – проблеми со срцето!

Касилјас повторно во болница – проблеми со срцето!

пред 3 години

Поранешниот голман на Реал Мадрид и Порто, Икер Касилјас повторно има проблеми со срцето поради што бил примен во болница.

Според пишувањето на медиумите во Шпанија, легендарниот голман минатата недела поради силни болки во градите бил примен во една болница во Мадрид.

Играл тенис со пријателите кога забележал дека срцето забрзано му чука, па веднаш се јавил кај лекар. Направени се испитувања кои ја исклучиле можноста од нов срцев удар. Пуштен е на домашно лекување, но му рекле да биде внимателен.

Касилјас доживеа срцев удар на 1. мај 2019 година за време на тренинг на Порто по што беше приморан да ја заврши долгогодишната кариера.

Дресот на Реал Мадрид го носеше на 510 меча, додека за Порто настапи на 116 натпревари.

Share
Scroll to Top