Емре Џан е позитивен, но нема одложување на дербито Борусија-Шалке

Емре Џан е позитивен, но нема одложување на дербито Борусија-Шалке

пред 4 месеци

Првото „Ревиердерби“ оваа сезона ќе се оддржи и покрај тоа што фудбалерот на Борусија Дортмунд, Емре Џан имаше позитивен тест на корона вирусот. Дортмунд потврдија дека Џан бил позитивен пред дербито со лутите ривали Шалке на „Сигнал Идуна парк“ во сабота, но инсистираат дека другите членови на тимот се негативни.

„По интензивните разговори со здравствените власти во Дортмунд, се оддржа и последната тренинг сесија пред дербито на Рур во сабота. Нема причина зошто мечот да не се одигра“, велат од Борусија.

Дортмунд се израмнети со Баерн Минхен на второто место на табелата со три победи во првите четири меча од новата сезона, еден поен зад првопласираните РБ Лајпциг. Од другата страна, Шалке имаат само еден поен и се претпоследни на табелата.

Share

Watch Gleipnir (Dub) Episode 8 (https://kissanimeonline.com/m/7BVP/ep-8) at website https://kissanimeonline.com. See more spirited away kissanime

That Time I Got Reincarnated as a Slime: Tales - Veldora's Journal (Dub) Episode Full at website https://animeplanet.cc darling in the franxx episodes anime planet

Scroll to Top