Незадоволниот Зидан во јуни ќе замине од Реал

Незадоволниот Зидан во јуни ќе замине од Реал

пред 3 години

Зинедин Зидан донел одлука да го напушти Реал Мадрид по завршувањето на сезоната, тврдат медиумите во Шпанија. Променливите резултати што ги бележи тимот од почетокот на сезоната и несогласувањата што ги има со претседателот Флорентино Перез, го натерале тренерот да ја донесе оваа одлука.

Извори од Шпанија тврдат дека Зидан нема да ја смени одлуката дури и да ја заврши сезоната со освоен трофеј или трофеи. Тој не сметал дека е одговорен за ситуацијата во која се наоѓа Реал.

Зидан му бил лут на претседателот Перез, бидејќи не исполнил ниту една негова желба во преодниот рок. Зизу барал да му бидат донесени тројца фудбалери, или барем еден од нив.

На листата на Зидан биле талентираниот Едуард Камавинга од Рен, Садио Мане од Ливерпул и Пол Погба од Манчестер јунајтед. На крајот не само што ниту еден од тројцата не дојде во Реал, туку Перез воопшто не отворил преговори со клубовите на тројцата фудбалери.

Покрај тоа што не добил „свежа крв“ во соблекувалната, Зидан остана без Герет Бејл и Хамес Родригез, двајца играчи кои не му беа по вкус, но сепак беа дел од ротацијата.

Медиумите во Шпанија пишуваат дека Зидан за својата одлука веќе го известил претседателот на клубот. Двајцата веќе имале премилиминарен договор да се разделет во јуни.

Наводно во плановите на Зидан се Јувентус и репрезентацијата на Франција.

Share
Scroll to Top