Епски пресврт на Медведев, од 0:2 до пласман во финалето на АО

Епски пресврт на Медведев, од 0:2 до пласман во финалето на АО

пред 6 месеци

Данил Медведев трет пат во кариерата ќе се бори за титулата на Австралија опен. Рускиот тенисер успеа да се врати од 0:2 против Александер Зверев и по четири часа и 18 минути игра победи со 5:7, 3:6, 6:7, 6:7, 6:3.

Данил Медведев ќе се обиде во недела од третиот обид да ја освои титулата во Мелбурн. Претходно губеше од Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Рускиот тенисер направи епски пресврт, упеа да се врати од безбдната во која се наоѓаше три сета. Зверев доминираше во првите два, во третиот не успеа да го скрши противникот и да го заврши мечот. Медведев одигра совршено во тај-брејкот и успеа да намали.

По слично сценарио, без брејк се одвиваше и четвртиот сет. Тај-брејкот повторно му припадна на Медведев, кој искористи неколку грешки на противникот.

Во петтиот сет Зверев многу повеќе грешеше, два пати го загуби сервисот, а со тоа и мечот.

Медведев во финалето, во недела од 9.30 часот по средно-европско време, ќе игра против Јаник Синер. Во меѓусебните дуели Медведев води со 6:3.

Share
Scroll to Top