Ефес го отпушти Ердем Џан

Ефес го отпушти Ердем Џан

пред 1 месец

Кошаркарскиот клуб Ефес се раздели со тренерот Ердем Џан. Џан (43) доби отказ по третиот последователен пораз во последните пет дена.

По поразот од Монако на домашен терен, Ефес во домашното првенство загуби од Каршијака, а синоќа доживеа тежок пораз (90:76) во Каунас од Жалгирис, во Евролигата.

Џан на почетокот на сеозната го наследи Ергин Атаман кој по освоените две титули во Евролигата замина во Панатинаикос.

Ефес во моментов е изедначен на првото место со Фенербахче во турската Суперлига, со скор 15-3.

Сепак, на отказот влијаеја лошите резултати во Евролигата, каде Ефес е на 16. место со скор 9-15.

Пред Ефес, Џан самостојно ги водеше само Ескишехир (2010-2012) и Турк Телеком (2022/23).

Беше долгогодишен асистент во Фенербахче (2012-2021), а сезоната 2021/22 ја мина како асистент во стручниот штаб на Јута Џез.

Share
Scroll to Top