Македонија од четвртиот „шешир“ ќе ги чека противниците за пласман на СП

Македонија од четвртиот „шешир“ ќе ги чека противниците за пласман на СП

пред 3 години

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го објави распоредот на „шеширите“ за ждрепката, која ќе ги одреди квалификациските групи за пласман на Светското првенство. како што веќе пишувавме Македонија е во четвртиот „шешир“, што значи дека нема да може да се сретне со Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург.

Пласман на СП во Катар ќе изборат само победниците на десетте групи. Второпласираните репрезентации и двете најдобри селекции од третото издание на Лигата на нации ќе играат две бараж-рунди, по што ќе бидат познати уште три репрезентации кои ќе играат на Мундијалот.

Во Катар, од Европа ќе се пласираат 13 репрезентации.

Ждрепката ќе се изврши на 7.декември во Цирих, ќе започне во 18 часот.

Share
Scroll to Top