Жељко Обрадовиќ понудил оставка

Жељко Обрадовиќ понудил оставка

пред 3 часа

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, понудил оставка на функцијата по серијата порази на тимот во Евролигата, објавија српските медиуми. .

Неуспехот на Партизан во Атина против Панатинаикос беше седми во последните осум натпревари, тимот изгледаше летаргично, без идеи, дозволувајќи му на противникот серија 25:0 во третата четвртина со која мечот беше решен.

Очигледно, Обрадовиќ нема начин да ја сврти ситуацијата, како што правел многу пати откако дошол во клубот, па затоа решил да го крене сидрото и да ја препушти работата на некој друг.

Управата на клубот сè уште треба да ја разгледа одлуката на Обрадовиќ, но се чини дека е конечна.

Наводно, Жоц дури и не се вратил со тимот од Атина во Белград.

По 13 натпревари во Евролигата, Партизан е на дното на табелата со учинок од 4-9, а само Асвел и Макаби имаат полош резултат…

За потсетување, Обрадовиќ е на клупата на Партизан од 25 јуни 2021 година, во својот втор мандат во клубот со кого ја освои првата (1992 година) од деветте титули европски клупски првак. Останатите титули го освоил со Панатинаикос, Реал, Хувентуд и Фенербахче.

Share
Scroll to Top